7.8 C
Skopje
четврток, 27 ноември 2025

Диего Симеоне откри како Атлетико успеа да го победи Интер

Атлетико Мадрид уште еднаш покажа дека е тим кој може да ги победи и најдобрите екипи во Европа откако со 2:1 славеше над Интер, во меч од Лигата на шампионите. Мадридскиот гигант победничкиот гол го постигна во 90+3 минута, кога Хименес погоди со глава по изведениот корнер.

Еден од оние кој најбурно прослави беше тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, кој беше пресреќен.

„Игравме против неверојатно силен тим, мислам дека еден од најдобрите во Лигата на шампионите. Нашата цел беше во првото полувреме да не дозволиме противникот да ја наметне својата игра. Едноставно, имавме своја игра и таа перфектно функционираше. Во вториот дел решивме да фрлиме се на една карта. Имавме контрола на топката и, за наша среќа, на крајот стигнавме до резултатот кој го посакувавме. Голот постигнат во последната минута даде дополнителна кулминација“, рече Симеоне, кој повеќе од една и пол деценија е на чело на Атлетико Мадрид. Интересно е дека Симеоне како фудбалер три години помина во дресот на Интер, во период од 1996 до 1999 година.

Интер со овој пораз ја прекина перфектната серија од четири победи во Лигата на шампионите. Атлетико со оваа победа сега стигна до трета победа и со девет бода скокна на 12-тото место на табелата во ЛШ.

Голот за победа на Атлетико може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести