Атлетико Мадрид ја почувствува силата на европскиот првак Пари Сен Жермен и загуби со убедливи 4:0 во меч од првото коло на групната фаза на Светското клупско првенство. По мечот, тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, имаше објаснување зошто неговиот тим загуби со дури четири гола разлика.
„Во првото полувреме не игравме добро и губевме со 2:0. Потоа во вториот дел постигнавме гол, но беше поништен и тоа дополнително ни ги искомплицира работите. Кога Легле доби црвен картон, во нашиот тим се случи хаос и крајот на мечот беше лош. По 14 години, ми се смачи да зборувам за судиите. Завршив со тоа“, рече Симеоне по мечот.
Предводникот на Атлетико потенцираше дека времето било многу топло и дека тоа претставувало дополнителен проблем.
„Одлично е што мечот беше во термин поволен за да нè гледаат во Европа, но времето беше многу топло. Стартуваме со лоша гол-разлика и ќе треба да се подобриме на следните мечеви“, додава Симеоне.
Во второто коло Атлетико Мадрид ќе игра против тимот на Сиетл.