Продолжението на сезоната во Бундеслигата ќе биде пролонгирано до 30 април, а ваквата одлука е веќе извесна и ќе биде соопштена на состанокот на германските прволигаши и второлигаши на 31 март.
Тогаш ќе се одржи состанок на членовите на Бундеслигата и претставниците на популарната Цвајта, а германските фудбалски првенства ќе ги „копираат“ примерите на италијанската Серија А и на англиската Премиер лига, кои веќе најавија пролонгирање на продолжението на сезоната дури за почетокот на јуни.
Кризата со Коронавирусот опасно го нападна и фудбалот, па се носат нови решенија за пролонгирање на продолжетокот на сезоните речиси во сите домашни првенства во Европа, но и на мечевите во двата реномирани европски купови, Лигата на шампионите и Лигата на Европа.
Германците објавија податок дека фудбалската индустрија во нивната земја опфаќа 56 илјади работни места, во кои спаѓаат директно и индиректно вклучени партиципиенти што работат и заработуваат од најважната споредна работа на светот.