Димитријевиќ е кошаркар од светска класа и со мајсторски потег донесе победа на Валенсија (ВИДЕО)

Ненад Димитријевиќ со кош во последните секунди и донесе победа на Валенсија против Андора од 76:75 во рамките на шпанското кошаркарско првенство.

Македонскиот репрезентативец имаше нова блескава парија и покажа дека ќе биде супер засилување за Валенсија која и оваа сезона ќе атакуива на титулата во АЦБ лигата.

Нено ја заврши партијата со 14 поени, шест скока и две асистенции, а како што пишавме погоре, со неговиот кош, гостите дојдоа до вредни бодови на гостувањето, и сега дојдоа до цифрата од осум бодови на табелата.

 

- Оглас -

Најнови вести