Димитриевски го продолжи договорот – Ќе брани за Рајо до 2024 година

Второлигашот Рајо Валјекано е задоволен од настапите на македонскиот голман Столе Димитриевски и денеска му го продолжи договорот до 2024 година.

Македонскиот репрезентативец е стандарден на голот на шпанскиот второлигаш, а денеска го продолжи договорот за уште две години.

Актуелниот договор му важеше до 2022 година откако пристигна во редовите на Рајо Валјекано во 2018 година од Химнастик и тогаш бранеше во Првата лига, или популарната Ла Лига.

Рајо има амбиции експресно да се врати во елитниот ранг на натпревари. Моментно е на 11-тото место со 33 бода, но имаат меч помалку и само три бода мунус во однос на Елче, екипа што би играла бараж според моментната ситуација на табелата во популарната Сегунда во Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести