Еден од најискусните во составот на Македонија, голманот Столе Димитриевски вели дека сите фудбалери се фокусирани на дуелот против Ерменија и најјважно е да се стигне до трите бода. Димитриевски вели дека притисокот и најголемиот товар треба да падне врз плеќите на поискусните.
„Ние поискусните треба да го повлечеме возот за помладите да се качат. Треба да видиме една поинаква Македонија. Најважно ни е утре да победиме. Тоа е во мислите на целата екипа“, вели Димитриевски.
Голманот не сакаше многу да коментира за тоа што се случува околу репрезентацијата и јавните реакции кои стигнаа од некогашните репрезентативци.
„Нормално е дека поранешните колеги имаат свое мислење, свои барања. Тоа е нивно мислење. Јас како заменеик капитен сум фокусиран и подготвен да го одработам мечот со Ерменија. Најбитно е да победиме за да може да ги задржиме шансите за првото место во групата. Во овој момент најбитен е утрешниот меч. “, вели Димитриевски.