Димитриевски прими гол од 30 метри, Рајо поразен во драматичен меч (Видео)

Столе Димитриевски прими гол од слободен удар од огромна далечина и е еден од виновниците за поразот што може скапо да го чини Рајо Валјекано.

Играчот на Алмерија, Хуан Ласо, упати вистинска бомба во деветтата минута, но колку и да беше силен ударот од околу 30 метри, одеше во аголот на голот во кој беше поставен Димитриевски. Македонскиот репрезентативец задоцни со реакцијата и прими гол, што беше водечки за Алмерија.

https://www.youtube.com/watch?v=bz8UJEDDHzs&feature=emb_err_woyt

Потоа следуваа уште два гола во мрежата на Димитриевски во првото полувреме, по што Алмерија најави убедлива победа, но мечот заврши на драматичен начин.

Рајо Валјекано се врати во игра со два брзи погодоци во второто полувреме и постојано напаѓаше во продолжението на играта. Гостите немаа и среќа да израмнат, па по поразот од 3:2, останаа на делба на седмото место со Елче, а двете екипи имаат по 56 бода на две кола до крајот на Сегунда.

Лидерот Кадис е веќе прволигаш, Уеска како второпласирана екипа е најблиску да им прави друштво во Ла Лига следната сезона, а екипите од третото до шестото место ќе играат бараж-мечеви за последниот билет во шпанската Прва лига.

 

- Оглас -

Најнови вести