Олимпија Милано и нашиот Нено Димитријевиќ ја оправдаа фаворитската улога и победија во италијанското дерби во Евролигата против Виртус Болоња со 99-90. Нашиот репрезентативец мечот го заврши со шест поени, но запиша и девет асистенции и два скока. На паркетот мина 22 минути и 37 секунди.
За екипата на Милано ова е втора победа во Евролигата оваа сезона, со која фаќаат приклучок кон средината на табелата и местата кои водат во плејин-разигрувањето.
Вистински шок доживеаја кошаркарите на Реал Мадрид, кои загубија на гостувањето во Белград, но од Макаби Тел-Авив, само за половина кош, односно 79-78. Пораз и за кошаркарите на Барселона, кои беа декласирани на гостувањето во Пиреја, од Олимпијакос со 85-74, додека Анадолу Ефес забележа очекувана победа на гостински терен кај Алба Берлин со 70-86.