Димитријевиќ повторно нема да игра за Македонија, овојпат не по негова желба

Повредата која ја здоби македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ на дуелот помеѓу Будуќност и Валенсија од Еврокупот, не е наивна, и нашиот плејмејкер ќе мора да паузира минимум шест недели.

Димитријевиќ ја повреда задната ложа, и снимките покажале дека има скинат мускул во задниот дел од десната нога. Проценките на лекарите на Валенсија се дека Нено ќе треба да паузира барем шест недели.

Ова е лоша вест и за македонскиот селектор Драган Бајиќ, бидејќи на 26-ти ноември Македонија ги почнува квалификациите за Светското првенство и тоа со меч на домашен терен против Шпанија, а три дена подоцна следува гостување кај Украина во Киев.

- Оглас -

Најнови вести