Динамо ќе го победи Розенборг, Олимпијакос нема да згреши како Порто

Динамо Загреб – Розенборг (21.00 часот)

По победата над Марибор, Розенборг повторно игра со тим од поранешна Југославија, а Динамо е многу посериозна пречка за Норвежаните. Адеми и другарите се во добра форма, лидери се во хрватската лига, за разлика од Розенборг, кој е четврти во Норвешка и по 12 години се обидува да влезе во групите од ЛШ. Динамо ќе сака да обезбеди предност за да не му се случи како со Ференцварош да се вади на гости.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): 1 & 2-4 (2.60)

 

Олимпијакос – Краснодар (21.00 часот)

Многу тешко е Грците да се победат на нивен терен, но Краснодар против силниот Порто покажа дека знае да биде опасен и на гости. Олимпијакос дома има серија од 12 меча без пораз. Рускиот тим е непредвидлив, ќе верува дека може да направи уште еден подвиг како во Порто, но сега и Пирејците ќе бидат внимателни и нема да се релаксираат.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): 1Х & 2+ (1.80)

 

Јанг бојс – Црвена ѕвезда (21.00 часот)

Српскиот првак има проблем со повредени играчи и ќе игра некомплетен, но, од друга страна, ќе има големи мотиви и поддршка од своите напалени фанови. И Јанг бојс е некомплетен. Ѕвезда има позитивна традиција во меѓусебните дуели, но со Јанг бојс не се сретнале цели 15 години. Веројатно гостите ќе се бранат и ќе чекаат шанса од контри за да се вратат во Белград со позитивен или активен резултат.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): 1-3 I & 1-3 II (2.10)

 

Лидс – Брентфорд (20.45 часот)

Лидс има седум бода од првите три кола, а во минатата сезона против Брентфорд на двата меча освои вкупно еден бод. Во минатата сезона, Брентфорд играше слабо на гостински терен, а така игра и денеска. Алиоски и другарите се фаворити на хартија, но Брентфорд сезонава славеше на гости кај Мидлсборо. Традицијата најавува малку голови, па затоа и нашата прогноза е дека нема да паднат повеќе од два погодока.

Предлог тип: 0-2 гола (2.20)

 

Фулам – Милвол (20.45 часот)

По поразот од Барнсли, Фулам врза две победи по ред, а Милвол, кој во минатата сезона се спаси од испаѓање, сега почна повеќе од солидно и собра седум бода во три кола. Сепак, веројатно во денешниот дуел Милвол ќе го претрпи првиот пораз. На „Крејвен котиџ“ Фулам нема нерешен исход во 2019 година, а последниот меч со Милвол го доби со 1-0.

Предлог тип: 1 (1.70)

- Оглас -

Најнови вести