Динамо Киев без шестмина фудбалери и двајца голмани ќе патува во Барселона

Украинскиот гигант Динамо Киев ќе биде без неколкумина важни играчи за дуелот против Барселона во рамките од третото коло во Лигата на шампионите. По последните направени тестови за корона-вирусот, позитивни на тестирањето се Цитаишвили, Гармаш, Дуелунд, Караваев, Белуце и Шапаренко. Овие шестмина ќе им се приклучат на двајцата гомани Бушан и Бојко, кои веќе го пропуштија последниот меч од првенството бидејќи се во изолација.

Според актуелната ситуација, Динамо ќе мора да бара голман од младинскиот состав, што едноставно ќе значи и предавање на и онака тешкото гостување против каталонскиот гигант.

 

- Оглас -

Најнови вести