Динамо му честиташе на Ристовски за јубилејот 150 настапи за клубот

Пред почетокот на натпреварот на Динамо Загреб со Горица од 4-тото коло на хрватската лига, клубот му приреди мала свеченост на Стефан Ристовски, кој одигра 150 официјални натпревари во дресот на Модрите.

Ристовски својот 150-ти настап за Динамо го имаше против Карабах, кога се повреди, па вечерва не е на терен. Тој пристигна од Спортинг Лисабон во 2021 година, и освои многу трофеи и успеси со Динамо за овие три години.

Дресот со бројот 150 му го врачи капитенот и некогашен репрезентативен колега, Аријан Адеми.

- Оглас -

Најнови вести