Динамо не го пушта Адеми да оди во Рома

По најавите дека италијанскиот калчолигаш Рома се интересира за купување на македонскиот репрезентативец од редовите на Динамо Загреб, со реакција се јавија од таборот на хрватскиот првак. Адеми е капитен на тимот од „Максимир“ и, секако, еден од најдобрите на теренот. Токму затоа, тренерот Ненад Бјелица вели дека нашиот репрезентативец нема да го пуштат да си замине.

„Кој пишува дека Адеми ќе си замине од Динамо? Италијанските медиуми може да пишуваат што сакаат, но тешко дека тој може да си замине. Дури и ако дојде некоја неморална понуда, сигурен сум дека ќе се снајдеме“, порача Бјелица од Турција, каде што се наоѓа Динамо на подготовки пред продолжување на пролетниот дел од сезоната.

Адеми веќе подолго време е цел на неколку клубови од посилните европски лиги, но засега Динамо ги одбива сите понуди за македонскиот репрезентативец.

- Оглас -

Најнови вести