Динамо не продава репрезентативци за џабе, ја одбија понудата на Херта од 4 милиони евра

Динамо Загреб постави високи стандарди за Регионот и сè повеќе се приближува до клупскиот крем во Европа, а денеска без размислување одбија понуда од 4 милиони евра за Мислав Оршиќ.

Германската Херта имаше намера да го ангажира крилото на Динамо и на хрватската репрезентација, малку клубови од Балканот или од поранешна Југославија би одбиле таква понуда, но загрепчани не ни размислуваа.

Оршиќ има 28 години и што е најинтересно, и тој изјави дека сака да остане во Динамо, односно дека понудата на Херта е многу ниска.

Динамо е поим за Регионот со трансфер-политиката и продаде дузина сега веќе светски познати ѕвезди, и тоа за суми над 10 милиони евра.

Но, не е само продажбата, туку и ангажманот на играчи за кои исто така плаќаат високи суми недостижни за останатите клубови од Балканот.

Во овој преоден рок веќе го договорија и камбекот во ХНЛ на Стефан Ристовски за сума од 1,3 милиони евра што ќе му ја платат на Спортинг Лисабон, плус 10 проценти од следниот трансфер.

Ристовски играше за Риека, а утре и официјално ќе биде промовиран во Динамо и ќе игра со вториот наш репрезентативец во таборот на популарните Модри, Аријан Адеми, кој е капитен на тимот.

- Оглас -

Најнови вести