Динамо Загреб со својата трансфер политика, па и буџет е (светлосни) години понапред од останатите балкански клубови.
И ако се гледа голем напредок кај Црвена Звезда и Партизан, сепак тимот од главниот град на Хрватска продолжува да покажува како се работи, по информацијата дека раководството работи на реализирање на голем трансфер.
Станува збор за искусниот дефанзивец Дејан Ловрен кој што во овие моменти настапува како играч на Зенит Санкт Петерсбург. Со оглед на случувањата во Русија и санкциите од ФИФА, тој може слободно да си замине од тимот доколку сака.
Динамо му понудл договор на Ловрен до крајот на оваа сезона, а соработката може да биде продолжена доколку двете страни се заинтересирани. Хрватскиот репрезентативен стопер својата кариера ја афирмираше токму во овој клуб за потоа најголемите успеси да ги има во Ливерпул од каде што отиде во Русија.