Фудбалерите на Динамо Загреб во стилот на Партизан победија со 3-2 на гости, откако губеа со 2-0 од Осијек.
Домашните преку Миерес во 7-мата и Буквиќ во 46-тата минута имаа водство од 2-0 и беа на добар пат да ја продолжат резултатската криза на Динамо, но хрватскиот шампион со три голови во продолжение дојде до значајни бодови.
Најпрво Емрели во 71-вата минута намали на 1-2, а во продолжение беа досудени два пенали за Динамо кои Бруно Петковиќ успеа да ги реализира во 86-тата и 98-мата минута.
Динамо со оваа победа му се доближи на Хајдук на пет бодови заостанување, но и натпревар помалку од лидерот на табелата.
— HNLGoals / @TheCroatianLad (@HnlGoals) September 3, 2023
— HNLGoals / @TheCroatianLad (@HnlGoals) September 3, 2023