Динамо Загреб ја копира Црвена ѕвезда во резултатот од ЛШ (Видео)

Динамо Загреб не ја искористи предноста на домашен терен и одигра само 1:1 против Легија Варшава во првиот меч од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Хрватскиот првак поведе со голот на напаѓаот Бруно Петковиќ точно по еден час игра, но предноста на домаќините кратко траеше.

Легија израмни со погодокот на Муци во 82-рата минута, што на крајот се покажа како конечен резултат. Динамо ако успее да ја елиминира Легија, во плејофот може да игра со Црвена ѕвезда, но интересно е дека и српскиот првак во првиот меч од ова квалификациско коло одигра 1:1 на свој терен против Шериф, што значи дека и Ѕвезда и Динамо на реваншите на гости ќе мора да бркаат победа.

Предноста на домашен терен вечерва ја искористи Ференцварош, кој со 2:0 ја победи Славија Прага. Качараба беше трагичар за гостите откако во првото полувреме си даде автогол, а во вториот дел направи пенал, по кој домаќините погодија за 2:0 и добра предност пред реваншот во Прага.

Најдобро вечерва помина Бенфика, која на гости со 2:0 се радуваше кај Спартак Москва.

- Оглас -

Најнови вести