Динамо Загреб најде нов тренер, а веќе се бара негов наследник!

Анте Чачиќ (68) е нов привремен тренер на Динамо Загреб и тој ќе го води тимот до крајот на сезонава. Само што го поставија Чачиќ за тренер, во хрватските медиуми веќе се лицитира со имиња кој би го водел тимот во следната сезона, никој не верува дека престојот на Чачиќ би бил подолготраен дури и ако тимот ја одбрани титулата.

Чачиќ околу две години немаше работено, а Динамо го водеше и пред 10 сезони, кога имаше серија од 33 меча без пораз. Подоцна беше и селектор на Хрватска, која ја водеше на ЕП 2016 година.

- Оглас -

Најнови вести