Динамо Загреб си најде „нов“ Дани Олмо

Динамо Загреб вчера го комплетираше ангажманот на италијанскиот тинејџер Алесио Тонон, кој дојде од редовите на Милан. Тонон е 17-годишен дефанзивен играч за врска и во следните три години ќе се развива на „Максимир“ по потпишаниот професионален договор со хрватскиот првак.

Модрите го обезбедија овој ангажман како што сторија со Дани Олмо, кој дојде од школата од Барселона и за неколку години прерасна во врвен фудбалер. Олмо оствари трансфер во Лајпциг за 21 милион евра, а воедно заработи и место во репрезентацијата на Шпанија.

Тонон за разлика од Олмо, е подефанзивен, но исто така поседува потенцијал да биде големо засилување за Динамо и во иднина да ја наполни касата на хрватскиот гигант.

- Оглас -

Најнови вести