Динамо Загреб со гол во 94-та минута се спаси од пораз, Ристовски си постигна автогол

Актуелниот хрватски шампион Динамо Загреб, за кого настапуваат Стефан Ристовски и Аријан Адеми, продолжува со слабите игри во домашниот шампионат и денеска на гостувањето кај Вараждин одигра 1:1 и тоа благодарение на голот кој го постигна во судиското продолжение.

Вараждин за кого настапија македонските репрезентативци Агон Елези и Димитар Митровски, поведе со автоголот на Ристовски.

Негатива која беше донесена со автоголот на македонскиот дефанзивец Стефан Ристовски во 54. минута.

Модрите од пораз се спасија со голот на Емрели во 94-та минута.

- Оглас -

Најнови вести