Директен дуел на Вардар и Воска во битката за опстанок, екипите кои се борат за опстанок играат на гости

На фудбалските терени низ Македонија, попладнево ќе се комплетира 28-то коло од Првата фудбалска лига. Најголемо внимание привлекува дуелот на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари каде Вардар ќе игра против Воска спорт.

Иако Вардар е најтрофеен фудбалски колектив во Македонија, во последните неколку години имаше големи финансиски проблеми кои предизвикаа и резултатска криза која ги однесе во Втората лига.

Но, сезонава Црвено-црните се вратија во Првата лига, a до крајот на сезоната ги очекува битка за опстанок и токму денешниот дуел можеби ќе даде одговор која од екипите ќе биде поблиску до опстанокот. Вардар е деветти со 29 освоени бодови, додека Воска спорт е веднаш зад Црвено-црните со еден бод помалку.

На двата меѓусебни дуели сезонава славеше Воска спорт, прво со 3:2, а потоа и со 1:2, но денеска квотите велат дека Вардар е поблиску до победата.

На останатите натпревари ќе играат Македонија ЃП – Струга ТЛ, Силекс – Шкупи, Гостивар – Брера Струмица и Тиквеш – Шкендија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести