Директорот Буфон до максимум ги пали Италијанците пред дуелот со Англија (Видео)

Шефот на делегацијата на италијанската фудбалска репрезентација, Џанлиуиџи Буфон, има улога да ги пали и да ги мотивира репрезентативците на тренинзите во Коверчано.

Аѕурите се подготвуваат за гостувањето кај Англија, а утрово пред да заминат за Лондон, Буфон ги тераше во хор и застанати во круг да викаат на цел глас. Буфон прашуваше, останатите одговараа на глас.

Дрес? -Син!

Подготвени сме? – До смрт!

Ние сме? – Италија!

Кои сме ние? – Италија!

Кои сме ние? – Италија!

- Оглас -

Најнови вести