Дали е можно – Алкарас го обвинуваат дека местел мечеви во Мадрид!?

Рускиот богаташ Михаил Салтсман кој е поранешен сопственик на ланец обложувалници, најави дека ќе поднесе тужба против шпанскиот тенисер Карлос Алкарас и тоа поради сомнеж дека местел натпревари.

Салтсман испратил соопштение до АТП, шпанскиот тениски сојуз, организациониот одбор на мастерсот во Мадрид и обвинителството. Русинот тврди дека во последните два меча кои ги играше, Алкарас намерно губел гемови на свој сервис. Салтсман тврди дека има „уверливи докази дека третиот рекет според АТП листата бил поврзан со група луѓе која илегално заработувале од обложување“.

Алкарас се сомничи дека местел на два меча во Мадрид и тоа кога играше против Александар Шевченко и Јан – Ленард Штруф.

- Оглас -

Најнови вести