Директорот на ПСЖ: Беше грешка што исто лето купивме двајца играчи на иста позиција

Пари Сен Жермен во летото 2017 година потроши 222 милиони евра за ангажирање на Нејмар од Барселона, и како позајмен го зедоа Килијан Мбапе од Монако за кого потоа платија 180 милиони, и драстично се засили со цел да ја покори Европа и да доминира во Франција.

Во Франција се убедливо најдобри иако пред две сезони киксираа во Лига 1, а во Лигата на шампионите стигнаа до финале, но загубија.

Сезонава Светците добро газат, но во сенка на резултатите е кавгата на Нејмар и Килијан Мбапе, и во текот на сезонава, тоа може да ескалира. Двајцата големи егоисти се караа кој да изведе пенал, речиси и не си додаваат еден на друг. Мбапе не се спротивстави на идејата за продажба на Нејмар летоска, а Бразилецот е зачуден од влијанието на Килијан во клубот.

Советникот и спортски директор на ПСЖ, Луис Кампос, даде изјави со која потврди дека има „војна“ помеѓу две од трите најголемите ѕвезди во тимот.

„Во минатото, направена е грешка што во исто лето се купени двајца играчи на иста позиција“ – рече Кампос.

- Оглас -

Најнови вести