Мртва трка на Германија и Шпанија за петти тим во ЛШ

До пред една недела, во Шпанија беа речиси сигурни дека ќе имаат петти тим во Лигата на шампионите во следната сезона, но сега ситуацијата е критична, предноста во однос на Германија е драстично намалена, може да се каже дека дури и Германците се фаворити да бидат втората земја по Англија која ќе добие и петти тим благодарение на коефициентот.

Победите на Баерн над Реал Мадрид и на Фрајбург над Селта ја сменија ситуацијата која сега е поповолна за Германците.

Честа на Шпанија во еврокуповите останаа да ја бранат Атлетико Мадрид и Рајо Ваљекано, а играат против Арсенал, односно против Стразбур. Германија се потпира на Баерн, кој ќе игра со ПСЖ и Фрајбург, кој ќе се бори со Брага. Секоја победа или нерешен резултат може да донесе промена.

 

- Оглас -

Најнови вести