Дисциплинската комисија на ФФМ му одзеде три бода на Гостивар!

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да му одземе три бода на второлигашкиот клуб Гостивар поради неправилна регистрација на играчот Гордијан Христовски, кој настапи на еден меч.

„ФК Гостивар се казнува со одземање на 3 (три) бода и парична казна од 1.000 евра поради сторен дисциплински прекршок поврзан со регистрација на фудбалерот Гордијан Христовски. На фудбалерот на ФК Гостивар, Гордијан Христовски, му се изрекува забрана на настап во период од шест месеци поради сторен дисциплински прекршок – член 84, став 1, алинеа 6 од Дисциплинскиот правилник“, стои во соопштението на ФФМ.

- Оглас -

Најнови вести