Див Запад во Калифорнија – Се степаа деца на фудбал, па влета пиштолџија да ги реши проблемите

Развојниот турнир за фудбалери од 8 до 15 години се претвори во вистински кошмар во Темекула, Калифорнија, откако по инцидентот и тепачката на теренот меѓу две екипи се појави пиштолџија за да ги разреши проблемите.

Настана вистинско стампедо, во кое, за среќа, нема повредени.

„Одеднаш децата почнаа да врескаат, бегајте има пиштол в раце. Потоа настана вистински хаос во обид да спасиме жива глава“, изјави судијата на турнирот, Алекс Хансен.

Претходно се случила масовна тепачка меѓу децата, а еден од родителите му удрил и шлаканица на фудбалер од спротивниот тим. Потоа пиштолџијата влетал на теренот, но, за среќа, не пукал иако предизвикал вистински хаос и страв и кај фудбалерите и во публиката.

- Оглас -

Најнови вести