Дижон го надминува антирекордот на Реал

Најголемата „суша“ во нападот на Реал Мадрид од 1985 година наваму привлече внимание во европската јавност, а малкумина знаат дека во топ 5 лигите во Европа има еден тим кој уште подолго време не дал гол.

Иако споредбата не е соодветна, бидејќи Реал е актуелен европски клуб и во составот има многу скапо платени играчи за кои е голема срамота што четири меча по ред не постигнале гол, сепак, клубот Дижон (моментно 16-ти во француската лига) е „подобар“ од „кралевите“ во непостигнување голови.

Дижон за последен пат постигна гол на 15-ти септември, кога загуби дома со 1-3 од Анже. Потоа следуваа дуелите со Ремс, Лион, Стразбур и Амиен, на кои Дижонците не постигнаа гол.

Тие имаат период од 437 минути без постигнат гол, додека Реал е на 409 минути. Реал последниот гол го даде на 22-ри септември, а ако се знае дека наредниот меч го игра на 20-ти октомври, „белите“ од Мадрид може да имаат и цел месец без постигнат погодок.

- Оглас -

Најнови вести