Добар или лош знак за Динамо? На реваншот ќе им суди човекот што не му призна чист гол на Роналдо

Холанѓанецот Дани Макели повторно ќе суди важен меч, одреден е за главен арбитер на реванш-дуелот меѓу Вилјареал и Динамо Загреб во четвртфиналето во Лигата на Европа и покрај големиот кикс на квалификацискиот дуел меѓу Србија и Португалија.

Макели не виде чист гол на Роналдо во самиот финиш на мечот во Белград, кога топката со целиот обем ја мина гол-линијата, а оштетени се Португалците, кои ќе победеа со 3:2.

Роналдо во нервоза го напушти теренот, потоа Макели им се извини на Португалците и УЕФА повторно му дава доверба да суди важен меч.

Вилјареал му е домаќин на Динамо задутре од 21 часот на „Ла Керамика“, а Жолтата подморница има предност од 1:0 од првиот меч и ќе игра на домашен терен.

За гостите, и покрај тоа што има проблеми со повреда на стапалото, веројатно ќе игра капитенот Аријан Адеми, а во почетната постава на Модрите од Загреб би требало да биде и вториот наш репрезентативец Стефан Ристовски.

 

- Оглас -

Најнови вести