Без никаква драма и рутински излезе како добитен предлог-тикетот на Спортманија и донесе среќа кај многумина редовни играчи на Sport Life. Заокружените натпревари се редеа како на филмска лента, а сè започна со дерби-дуелот од англискиот ФА куп.
Предлогот гол-гол и 3+ се покажа како добитен уште во првото полувреме. Додека на „Олд Трафорд“ траеше драмата околу победникот, рутински беше добитен предлог-типот и за мечот помеѓу Борусија Дортмунд и Ајнтрахт Франкфурт. Во двете полувремиња беа постигнати по два гола, што беше доволно квотата од 1.78 да биде погодена.
Последните три натпревари се играа речиси во исто време. ПСЖ лесно дојде до победата против Монпеље и со два гола во првото и четири во второто лесно го исполни условот за минимум по еден гол во двете полувремиња.
Интер поведе во првото полувреме, а Наполи израмни во вториот дел, па 1-1 на „Џузепе Меаца“ беше доволно за предлог-типот 1Х и 2-4 гола да биде добитен.
Без проблеми беше исполнет и условот на „Ванда Метрополитано“ да има најмалку еден гол во првото полувреме и вкупно најмалку три на целиот натпревар. Жоао Феликс погоди за водство на Каталонците во првиот дел, а Левандовски и Фермин Лопес во второто полувреме го дотолчеа Атлетико Мадрид.