Добитен тикет со три квоти над 15 заслужува посебна почит

Редовен обложувач во Sport Life одигра мангупски тикет составен од три пара со кој си заработи 114.240 денари. Со минимална уплата од 20 денари, топ-тикетот за денес доаѓа од Кисела Вода, а типуваните натпревари носат минимален коефициент 16, до максимален 21 и сите се типувани на ист начин.

Урал забележа убедлив триумф над Хинки со 3-1, за што беше потребно домаќините да водат и на полувреме и притоа да има најмалку четири погодоци на средбата од руското првенство. Газ Метан славеше со високи 4-1 на гостувањето кај Политехника Јаси, додека вистинска драма се случуваше во мечот Тшакума – Блек пантерс.

Црните Пантери прво му го одржаа во живот добитниот тикет откако погодија во четвртата минута од судиското надополнување во првиот дел за водство од 2-1, а потоа и во дополнителните минути во финишот од средбата гостите дојдоа и до трет гол.

ВО ОХРИД СЕ ИГРАШЕ ВО РИТАМОТ НА САМБАТА И ЛУДО СЕ СЛАВЕШЕ ГОЛОТ ВО 45+4

Бразилска магија беше потребна за Охриѓанецот да се израдува на добитен тикет со сума од 175.750 денари. Трите натпревари кои се одиграа во Бразил ги типуваше дека ќе има најмалку три гола во првото полувреме, а за да дојде до големата добивка, издвои само 100 денари.

Дербито Сантос – Сан Паоло заврши со реми од 2-2, а три од четири гола паднаа во првиот дел до 38-мата минута. Драматично беше во бразилската Серија Ц, каде што Пајсанду славеше со убедливи 6-1 против Императрис, а за да има три гола на полувреме, се чекаше до 44-тата минута.

Обложувачот сигурно бил на граница на лудило во текот на средбата меѓу Наутико и Ботафого. Домаќините погодија трипати во првиот дел, а за тикетот да биде добитен, Наутико поведе со 3-0 во четвртатата минута од судиското надополнување од првото полувреме.

 

- Оглас -

Најнови вести