Неверојатен тикет во неделата беше уплатен во Трубарево, каде што еден обложувач со вложени 50 денари одигра „кец во икс“ на три натпревари од Премиер лигата, Серија А и Ла Лига и направи квота од 5.168 и си заработи 219.647 денари.
Монца и Удинезе одиграа 1:1, а домаќинот поведе со гол во првото полувреме, додека Удинезе во вториот дел.
Во речиси идентична минута и по исто сценарио беа постигнати и головите на дуелот меѓу Брајтон и Фулам. Брајтон поведе во 26-тата минута со голот на Фергусон, додека Фулам израмни во 65-тата минута преку Палиња.

Највозбудливо беше на дуелот од Ла Лига меѓу Атлетик Билбао и Валенсија бидејќи имаше пресврти и гол во седмата минута од продолжението со среќен крај на обложувачот.
Атлетик водеше со 1:0 по првиот дел, но Валенсија со два гола во 62-рата и 68-мата минута поведе со 1:2. Голот за реми и радост во Трубарево, Атлетик го постигна во 97-мата минута преку Беренгер.
ИГРИТЕ НА ГОЛОВИ НОСАТ УБАВИ ДОБИВКИ
Неделата беше среќна и за обложувач во Скопје кој со уплатени 50 денари си заработи 63.370 денари нето. На тикетот се одиграни девет натпревари и доминираат игрите на голови.
На пет натпревари е одиграно ГГ 3+, обложувачот почуствувал дека на дербито во Серија А меѓу Наполи и Милан (2:2) ќе има голови и не погрешил. Уште поефикасен беше дуелот во Бундеслигата меѓу Ајнтрахт и Борусија Дортмунд, каде што беа постигнати шест гола (3:3). Исто така, условот беше исполнет и на дуелите Волендам – Екселсиор (3:1), Атлетик – Валенсија (2:2), како и на мечот Бриж – Антверпен, каде што третиот гол беше постигнат во 90-тата минута.

Манчестер сити во градската пресметка со Јунајтед славеше со 3:0 како гостин и тоа беше доволно за обложувачот кој одигра 2-2 & 3+.
Брондби го совлада Нордсјиланд со 2:1 за „кец“ и два до пет гола, а последниот меч кој на скопјанецот му донесе 63.370 денари беше дуелот меѓу Анталијаспор и Истанбул Башакшехир, на кошто му требаше победа на домаќинот. Анталијаспор славеше со минимални, 1:0 и тоа со гол постигнат уште во 16-та минута.