Добивам ерекција од помислата дека Меси ќе игра во нашата лига

Тренерот на Брест Михаел дер Закаријан изјави дека чувствува „ерекција“ од помислата дека Лионел Меси ќе потпише за Пари Сен Жермен и ќе заигра во француското првенство. Брест денеска успеа да направи големо изненадување во првото коло од француското првенство откако одигра 1:1 на гости кај Олимпик Лион.

По мечот со Лион, Дер Закаријан беше запрашан што мисли околу тоа дека Меси може да потпише за ПСЖ.

„Нема да бидам пристоен кога се работи за оваа ситуација. Добивам ерекција од помислата дека Меси ќе дојде. Многумина зборуваат дека лигата не ни чини, но со доведувањето на еден таков играч, тоа ќе биде одлично“, рече дер Закаријан.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести