Добра вест за Менхенгладбах, Кејн е повреден и утре нема да игра

Хари Кејн има повреда на листот на ногата и дефинитивно нема да игра на утрешниот меч на Баерн Минхен против Борусија Менхенгладбах.

Најдобриот стрелец во Бундеслигата, е во неверојатна форма, даде гол на последните седум меча во сите натпреварувања, а на последните три меча секогаш даваше по два гола. Неговото отсуство ќе биде хендикеп за Баварците, но есеноска во Менхенгладбах, Баерн ја победи Борусија со 3-0 без Кејн да постигне гол.

Повредата на англискиот голгетер не е сериозна и се очекува тој да биде во составот на Баерн во вторник на средбата со Аталанта во Бергамо од Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести