Добри вести за Барселона: Левандовски ќе биде во Милано, но прашање е колку ќе може да игра

Голгетерот на Барселона, Роберт Левандовски, ќе може да игра против Интер во реванш-мечот од полуфиналето во Лигата на шампионите, пренесува „Марка“.  Левандовски поради повреда ги пропушти последните неколку меча на Барселона, меѓу кои и првиот дуел против Интер во ЛШ.

Полскиот голгетер има одлична сезона и постигна над 40 погодоци во сите натпреварувања и секако дека неговото присуство во тимот ќе биде многу значајно.

Најавите се дека Левандовски ќе игра против Интер, но нема да биде во стартниот тим. Се очекува дека би можело да помогне некои 25-30 минути во силно темпо, што би значело дека може да се очекува да влезе во игра во вториот дел.

Барселона и Интер одиграа 3:3 на првата средба одиграна минатата среда во каталонската престолнина.

- Оглас -

Најнови вести