Добри вести за Милан, повредата на Жиру не е сериозна

На миланското дерби помеѓу Интер и Милан од Серија А кое се игра в сабота од 18 часот, во составот на Росонерите би можело да се најде и првиот стрелец на тимот, Оливие Жиру, кој во првите три кола даде четири гола.

Жиру се повреди на мечот на Франција со Република Ирска пред една недела, но тој денеска тренирал со остатокот од екипата на Милан и тоа е сигнал дека ја залечил повредата. Милан сезонава ја почна со три победи во три кола и сака да го совлада и лутиот градски ривал за продолжување на позитивната низа.

- Оглас -

Најнови вести