Добри вести за Пеп: Сане почна да тренира

Лерој Сане, крилото на Манчестер сити, по пауза од речиси четири месеци повторно почна да тренира. Германецот се здоби со повреда на коленото уште во првиот овосезонски натпревар на Граѓаните, поточно во август во мечот против Ливерпул во Комјунити шилд.

Сане веќе по десетина минути игра го напушти теренот со страв дека станува збор за скинати лигаменти на коленото, но излезе дека повредата не е толку сериозна, па Гвардиола очекува од неговиот играч повторно да зачекори на терените во Новата година.

Веќе од следната недела Сане ќе се приклучи на првиот тим, додека почетокот на февруари би бил идеален момент за него повторно да заигра во дресот на англискиот првак.

- Оглас -

Најнови вести