Дочекавме фудбал во Шпанија и Италија, Србите шампиони во ризик со публиката

Кога ќе победат Барселона, Реал Мадрид, Баерн Минхен, па и Борусија Дортмунд, тоа треба да биде позитивен викенд за прогнозерите кои се обложуваат, а дали беше така, тие си знаат. Најважно е што веќе не се палиме на белоруско и таџикистанско првенство, туку полека се враќаме во нормала, иако играњето без публика и не е нешто нормално.

Германците веќе се при крај со Бундеслигата, Баерн следниот викенд ќе си ја прослави новата титула, па останува во следниот период да се фокусираме на фудбалот во Италија и Шпанија, со потсетување дека деновиве почнуваат и Англичаните.

Фудбал почна да се игра во Италија и Шпанија, две земји во кои има огромен број починати од корона-вирусот. Пред два месеци, делуваше дека сезонава нема да се игра фудбал во овие две земји, но, за среќа, и тоа го дочекавме.

На Апенините прво се игра Купот, па после продолжува Серија А. Наполи се провлече и ќе игра финале, а тоа е шанса за Елиф Елмас да му се придружи на Горан Пандев како наши играчи кои го освоиле Купот на Италија. Во финалето е и Јувентус, кој против Милан од ВАР-собата си доби пенал и црвен за противниците. Црвениот на Ребиќ беше чист и пеналот кој го направија гостите повеќе беше отколку што не беше, но кога две ситуации се решаваат со ВАР-технологија во полза на Јуве, веднаш има коментари и потсетување на нивната децениска „коалиција“ со арбитрите.

Во Шпанија има уште 11 кола за доигрување, таму трката за титулата е тесна, Барселона има само два бода предност пред Реал Мадрид. Атлетико продолжува да се мачи во потерата по четвртото место и засега е надвор од позициите кои водат во Лигата на шампионите. Барса тргна супер, како гостин даде четири гола, од кои едниот на Меси постигнат со десна нога, што е добар знак за нив. Реал блесна само во првото полувреме против Еибар, на Кралевите им „легна“ играњето на малото стадионче, на кое досега само тренираа.

НА ФУДБАЛ 16.000, НА ТЕНИС 4.000 ЛУЃЕ, И ТОА ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО

Најфасцинантно изминатава недела беше однесувањето на Србите во време на корона-вирусот, но и предизборната кампања. Партизан и Црвена ѕвезда си играа финале на Купот пред 16.000 гледачи, бројка каква што немаше никаде на светот за време на кризата со корона-вирусот, ако не се смета оној меч Аталанта – Валенсија. Дури и во една Белорусија внимаваа колку гледачи ќе пуштат на трибините, а нашите северни соседи решија да „заборават“ дека вирусот уште е тука.

Дека тој настап не беше случајно со публика, се потврди викендов, кога на тениските терени во клубот на светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ, Доминик Тим, Григор Димитров и другите ѕвезди играа пред 4.000 гледачи. Притоа имаше и деца кои ги додаваа топчињата и пешкирите, а на трибините немаше дистанца од еден до друг гледач.

На сметка на Ѓоковиќ, кој е еден од организаторите на „Адрија тур“, има и многу критики, не е првпат да го нападнат, слично беше и по неговата изјава дека не сака да се вакцинира.

Можеби цела Европа им љубомори што играат и тоа со публика, но времето ќе покаже дали овие масовни собири без маски и дистанца ќе го земат данокот.

Ние во Македонија си се радуваме што нема полициски час и што и за време на викенди можеме да тркнеме до шалтерите на обложувалниците на Sport Life. И онлајн обложувањето е опција, ќе ни треба, летово ќе биде жешко и полно со спортска понуда.

- Оглас -

Најнови вести