1.8 C
Skopje
вторник, 9 декември 2025

Додека Алонсо го подготвува Реал за дербито против Сити, управата на Кралевите веќе бара нов тренер?

Пред само шест месеци Чаби Алонсо беше назначен за нов тренер на Реал Мадрид, наследувајќи го прославениот Карло Анчелоти. За Алонсо се вели дека е еден од најталентираните млади тренери, кој веќе успеа да се закити со титулата во германското првенство и тоа како предводник на Баер Леверкузен.

Сепак, по половина година на чело на Реал, Алонсо се наоѓа пред голем предизвик. Кралскиот клуб е во резултатска и играчка криза, а во таква ситуација тренерот секогаш е прв на отстрел.

Самиот Алонсо најави дека не планира да си замине и се подготвува за дерби мечот против Манчестер сити во Лига на шампиони. Сепак, засилените шпекулации се дека ако Реал загуби од Сити можно е Алонсо да добие отказ, а веќе се шпекулира и за неговиот можен наследник.

Како главен кандидат се споменува Јирген Клоп, кој моментално е надвор од тренерската фела и е вработен во Ред Бул како главен на тренерскиот дел во клубовите каде е спонзор оваа компанија.

Првично Клоп не дал јасно одбивање дека нема да дојде во Реал, што само ги зголемува шпекулациите дека може да биде нов тренер на Кралевите.

Сепак, сето ова се само шпекулации. Чаби Алонсо против Манчестер сити сигурно ќе атакува на позитивен резултат, а со тоа и да се врати самодовербата кај играчите.

[do_widget id=custom_html-5]

- Оглас -

Најнови вести