Додека Де Бројне има плата од 20 милиони фунти, фудбалер на Нотингам форест заработува помалку од 4.000 фунти неделно

Во Премиер лигата се вртат огромни суми пари, фудбалерите ги имаат најдобрите плати во Европа и поголем дел од нив уживаат во луксузот, но постојат играчи коишто играат за мали плати.

Англиските медиуми ја објавија листата на десет најслабоплатени фудбалери во Премиер лигата за кои платата од 20 милиони фунти на Кевин де Бројне, која е најголема во лигата, е научна фантастика.

Фудбалер со најмала плата во Премиер лигата е играчот на Нотингам форест, Алекс Мајтен, кој неделно од клубот добива само 3.462 фунти.

https://twitter.com/Football__Tweet/status/1724772795777761743?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1724772795777761743%7Ctwgr%5E5d56f7d4cde161089a85ade254f04c9c047a493c%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportal.blic.rs%2Ffudbal%2Fmedjunarodni-fudbal%2Fpremijer-liga%2Flista-10-najmanje-placenih-fudbalera-u-premijer-ligi%2F2023112411544918568

Веднаш зад него се Рис Норингтон Дејвис од Шефилд јунајтед со неделна плата од 4.000 фунти и Џордан Кларк од Лутон со 5.000 фунти.

На четвртото место се наоѓа Џејмс Шеј од Лутон со 7.000 фунти,а петти е Пели Дудок Мбазу од Лутон со 7.500 фунти.

Интересно е што до десеттото место има еден фудбалер од најбогатиот клуб во Англија и еден од тим од врвот на табелата. Резервниот голман на Њукасл, Лорис Кариус, неделно заработува 10.000 фунти, додека Кортни Хаус од Астон вила има плата од 8.070 фунти.

- Оглас -

Најнови вести