Додека Грилиш играл натпревар за Сити, арамии му го ограбиле домот

Домот на Џек Грилиш во Манчестер бил на мета на крадци во средата и тоа во моменти кога фудбалерот играл за Сити против Евертон во рамки на Премиер лигата.

Според Би-би-си, во 21.50 часот по локално време била повикана полицијата во Манчестер која извршилa претрес во домот и на околината, но не успеала да ги пронајде арамиите.

Според медиумите, од домот на Грилиш биле украдени накит и скапоцени часовници во вредност од милион фунти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести