Додека играше фудбал на аматерски меч, почина најдобриот стрелец во историјата на Панама

Тажна вест ја потресе Панама, па и цела Средна Америка, на 41 година почина Луис Техада, најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на Панама.

Техада починал од срцев удар играјќи фудбал на еден аматерски меч.

Популарниот Матадор е синоним за развојот на фудбалот во Панама.

Тој беше клучен човек што Панама обезбеди место на Мундијалот во Русија во 2018 година (засега тоа е единствено учество на Панама на СП), беше и капитен на националниот тим, а го дели првото место на листата на стрелци со 43 голови. Во кариерата настапуваше за клубови од Панама, Колумбија, Обединетите Арапски Емирати, САД, Перу и Мексико.

 

- Оглас -

Најнови вести