Додека се договори со Нагелсман, Боли планира да го врати Лампард на клупата

Сопственикот на Челзи, Тод Боли, планира да го врати на клупата Френк Лампард, кој пред две години доби отказ, пишуваат англиските медиуми.

Идејата на Боли е Лампард да ја води екипата до крајот на сезоната, а потоа на клупата да седне Јулијан Нагелсман, кој минатата недела доби отказ во Баерн Минхен.

Лампард ги предводеше Сините од јуни 2019 година до јануари 2021 година и успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите и играше во финалето на ФА купот, но потоа следуваше период на лоши резултати кој резултира со отказ за поранешниот фудбалер на Челзи.

Лампард е без клуб откако во јануари си замина од Евертон, а вчера од трибините го следеше дербито на неговиот поранешен тим против Ливерпул, кое заврши без голови.
Улогата на привремен менаџер на Челзи ја извршува поранешниот помошник на Греам Потер, Шпанецот Бруно Салтор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести