Додека сите се „тепаат“ за арапските милиони, Бернардо Силва има поинакви планови за неговата кариера

Договорот на Бернардо Силва со Манчестер сити завршува идното лето, а Португалецот веќе објави дека ќе си замине од „Етихад“. На слична линија е и раководството на „граѓаните“ кое се согласило со неговата одлука, па сите очекуваат дека следната дестинација за него ќе биде Саудиска Арабија.

Сепак, се чини дека нема да биде така. Бернардо Силва планира да се врати во својот матичен клуб, Бенфика, и тоа уште ова лето, а за да се реаизира трансферот, тој е подготвен да се согласи и на далеку помала плата од онаа што ја има сега. Бенфика во тој случај ќе треба да му плати на Манчестер сити околу 30 милиони евра.

Бернардо Силва потекнува од академијата на Бенфика, од каде си замина во 2015 година за 15.75 милиони евра во Монако. Во кнежевството се задржа само две години, бидејќи во 2017 година беше продаден на Манчестер сити за 50 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести