Додека тениската елита се бори за титула во Њујорк, Ѓоковиќ со сопругата ужива во Истанбул

Новак и Јелена Ѓоковиќ уживаат како туристи во Истанбул. По освојувањето на Вимблдон, Новак има голема пауза во тениската кариера затоа што сакаше да одмори, а и не може да игра во Северна Америка поради тоа што нема примено вакцина за заштита од корона-вирус.

Ѓоковиќ и сопругата беа во Босна и Херцеговина, па во Црна Гора, се вратија во Белград, а сега се во Истанбул.

Сопругата на Новак на социјалните мрежи сподели фотографии на кои се гледа дека се опуштени и уживаат, иако веројатно повеќе би сакале да беа во Њујорк, каде што српскиот тенисер би се борел за нова гренслем-титула, а жена му би била поддршка од ложата на трибините.

- Оглас -

Најнови вести