Додев ѝ донесе триумф на Брегалница над Академија Пандев

Фудбалерите на Брегалница Штип ја совладаа Академија Пандев со 1:0 на свој терен во 12-тото коло од Првата фудбалска лига .

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Додев во 62-рата минута.

По победата, Брегалница е на шестото место на табелата со 15 бодови од 11 натпревари, додека Академија Пандев е деветта со осум бода од 11 меча, што води во разигрување за опстанок во првиот ранг.

Брегалница во недела ја очекува гостување кај лидерот на табелата Струга ТЛ, додека Академија Пандев го пречекува Работнички.

- Оглас -

Најнови вести