Пирови победи на АЕК Атина и Фиорентина, францускиот тим направи подвиг

Францускиот тим на Стразбур направи подвиг откако со 4:0 славеше над Мајнц во реванш дуелот од четвртфиналето во Конференциската лига на УЕФА. На првиот меч Стразбур на гостувањето во Германија загуби со 2:0 и едноставно сега покажа дека има квалитет да надокнади сериозно заостанување против еден бундеслигаш. Стразбур водеше со 2:0 на полувреме, потоа промаши пенал во вториот дел, но и тоа не ги „скрши“ туку домаќините продолжија да напаѓаат и постигнаа уште два погодоци.

Кристал Палас загуби на гости кај Фиорентина со 2:1, но англискиот тим оди понатаму благодарение на убедливиот триумф од 3:0 на првата средба. Кристал палас водеше со 1:0 и на гостувањето во Фиренца, па потоа англискиот тим како да се опушти, а Фиорентина стигна до пирова победа.

Најболна елиминација доживеа АЕК и тоа во Атина од Рајо Валјекано. Грчкиот тим одигра фантастичен меч, водеше со 3:0 и на тој начин ја анулираше негативата од три гола по првиот меч одигран во Мадрид. Сепак, Рајо успеа да постигне гол за 3:1 и тоа беше доволно за шпанскиот тим да оди во полуфиналето со вкупен резултат од 4:3.

Во полуфиналето, Рајо Валјекано ќе игра против Стразбур, додека вториот пар го сочинуваат Шахтар и Кристал Палас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести