Договорен бокс-спектакл каков што немало досега: Ѕверот против Планината

Пред неколку дена Хафтор Бјернсон, или познат како „Планината“ од „Игра на тронови“, успеа да крене тежина од 501 килограм и со тоа да стане најсилен човек на светот и единствен на кому му успеало да крене повеќе од 500 килограми. Бјернсон го урна рекордот на Еди „Ѕверот“ Хал за еден килограм, а целиот настан го пренесуваше „И-Ес-Пи-Ен“ преку „Твитер“.

Сега во директен дуел ќе се докажуваат кој е најсилен човек на светот откако е договорен бокс-меч меѓу двајцата. Спектаклот е закажан за септември 2021 година, допрва ќе се одредува конретен датум, а настанот ќе се одржи во Лас Вегас.

Бјернсон е висок 206 сантиметри и тежи околу 200 килограми, додека Хал е понизок околу 15 сантиметри и полесен 15 килограми. Дефинитивно ќе биде интересно да се гледа најтешкиот бокс-меч во историјата.

- Оглас -

Најнови вести