Ромелу Лукаку во наредните часови и официјално ќе стане нов член на Интер. Со тоа, му се исполнува главната желба на тренерот Антонио Конте, кој инсистираше да се донесе Лукаку, а клубот да го продаде Мауро Икарди, чија судбина уште е неизвесна.
Манчестер јунајтед за Лукаку ќе добие 65 милиони евра, плус можни 13 како бонус, во зависност од резултатите и бројките на Лукаку во сино-црниот дрес.
Се чека само да се завршат формалностите околу документацијата и Лукаку да замине во Милано, каде утре би имал лекарски прегледи.