Дојде денот кој Марко Ројс го чека цел живот, легендата на Дортмунд е на 90 минути е од првата титула во кариерата

Сите натпревари од последното коло на германската Бундеслига се играат денеска од 15.30 часот, а во центарот на вниманието ќе бидат дуелите Борусија Дортмунд – Мајнц и Келн – Баерн Минхен, бидејќи ќе се решава кој ќе биде шампион.

Се чини дека дојде крајот на децениската доминација на Баварците, но Борусија ќе мора на домашен терен да го победи Мајнц, за да не зависи од резултатот на средбата во Келн каде ќе се навива за Борусија и Келн ќе проба да им помогне на соседите.

Титула за Борусија посебно ќе му значи на капитенот Марко Ројс, кој во богатата кариера засега ја нема освоено Бундеслигата. Тој во Дортмунд дојде во летото 2012, неколку месеци после последната титула на тимот.

Во Бундеслигата уште не се знае и кои тимови ќе испаднат (од четири загрозени тимови, еден ќе испадне, еден ќе игра бараж за опстанок), и кој ќе биде четвртиот германски претставник во ЛШ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести